Уште еден земјотрес попладнево во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 02.7.2017 год., регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа во охридското епицентрално подрачје.

Земјотресот се случи во 14 часот и 31 минути со Рихтерова локална магнитуда 2.7. Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

02.07.2017 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега