МВР со детали за сообраќајката во која утрово почина жена а уште пет лица се повредени

 

Рано утринава во 04 часот и 05 минути на патот Битола - Кичево на 200 метри од излезот од село Лопатица кон Демир Хисар се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило марка “БМВ“ управувано од 37- годишен Н.Н од село Журче, демирхисарско, и трактор марка “ИМТ“ управувано од 41- годишен М.З исто така село Журче, демирхисарско.

Од несреќата, поради тежините на повредите, 36- годишна М.М сопатник во тракторот починала на пат до битолската општа болница, додека пак М.С. (14), М.В. (63) сопатници во тракторот како и возачот на истиот М.З. се здобиле со тешки телесни повреди, но се надвор од животна опасност.

Сопатникот во патничкото возило 29- годишна Н.М исто така се здобила со тешки телесни повреди, а кај возачот на “БМВ-то“ биле констатирани телесни повреди.

На место на настанот извршен е увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

02.07.2017 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега