ТРАГЕДИЈА: Почина и сопругата на пензионерот од Бутел кој вчера го уби внукот па се самоуби
Вчера околу 12часот 40 минутиво Скопје, на улица „Хо Ши Мин“ во куќата сопственост на П.Т.(84) од засега неутврдени причини истиот со својот пиштол „Берета“ калибар 7,65 мм, кој го поседувал со дозвола, испукал еден куршум во правец на неговата сопруга П.Т.(78) нанесувајќи и огнострелна повреда во пределот на грлото, а потоа пукал и кон неговата ќерка Л.С. (58) од Скопје нанесувајќи и огнострелна повреда во пределот на главата.
Неговиот внук Т.С.(32) откако влегол во ходникот од куќата, од страна на П.Т. бил погоден во пределот на главата при што поради тежината на огнострелната повреда починал на самото место. Потоа П.Т. со пиштолот си пукал во главата и се самоубил.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт кај Т.С. и П.Т. додека Л.С. и П.Т. биле пренесени во Клинички во Скопје за укажување на лекарска помош.
Утрово починала и П.Т. додека Л.С и натаму се наоѓа во животна опасност.
По наредба на ЈО телата на починатите се пренесени во Институт за Судска медицина.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа