Телевизиите ги бојкотираат турските серии
Неколку египетски телевизиски канали прогласија бојкот на турските серии во знак на протест против ставот на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган кон последните случувања во Египет, пишува турскиот весник „Хуриет дејли њуз“.
Ердоган повика за свикување на седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, откако египетската армија на 3 јули го собори од власт претседателот Мохамед Морси.
На 17 август Ердоган упати критика поради недостигот на меѓународен одговор на случувањата во Египет, откако египетската полиција употреби сила против демонстрантите, приврзаници на „Муслиманско братство“ на 14 август.
Ердоган изјави дека организациите, меѓу кои Обединетите нации и Европската унија, треба да се засрамат поради својата индиферентност.
Како одговор на сето ова синдикатот на филмските работници во Египет и повеќе писатели, продуценти, новинари и научници повикаа за стопирање на емитувањето на турските серии, кои се многу популарни во арапскиот свет.
Повеќе телевизиски канали, меѓу кои Ал Хајат, Ал Нахар, Ал Кахера Вал Нас се приклучува кон бојкотот на турските серии