ВИДЕО: Ова момче тежи 610 килограми а има само 20 години

 

Огромниот Саудиец Калид Мохсин Шаер две ипол години поминал прикован за својот кревет. Има 610 килограми поради кои веќе некое време  е неподвижен. Синоќа со вилушкар го ваделе од неговата куќата за да го однесат на лекување.

Пред шест месеци, приказната за неговата состојба стигнала до саудискиот крал Абдула. Калид јавно го замоли својата прекумерна тежина да се обиде да ја реши во болница, но морало да се почека додека за  овој млад човек не пристигне од Америка посебен кревет на кој тој беше изнесен од куќата.

Министерството за здравство во Саудиска Арабија во соработка со локалната цивилна заштита и Црвениот крст организираа извлекување со помош на вилушкар. Еден дел од семејната куќата морал да биде срушен, бидејќи Калид не е можно да го симнат надолу по скалите до приземјето.

После извлекувањето со амбулантно возило е пренесен на локалниот аеродром, а од таму заминал за Ријад каде во клиничкиот центар ќе се погрижат доктори за него.

„Овој момент го чекавме вечно. Господ да го благослови кралот Абдула, кој стори се Калид да биде транспортиран безбедно”, изјавил за Ројтерс братучед на дебелото момче.

20.08.2013 - 11:55

најчитано сега