Ноќеска гореше автомобил кај градски парк
Ноќеска, 30 минути по полноќ во ЕИК-Скопје било пријавено дека во Скопје поточно во Градскиот парк во близина на Арена „Телеком“ имало опожарено возило „Порше“ со скопски регистерски таблици сопственост на А.Д., а управувано од М.Д. од Скопје.
Од страна на полицаец од местото на настанот било подигнато шише со бензин.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
01.07.2017 - 13:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа