Пукање со автоматска пушка во кумановско Никуштак

 

Вчера во 22:20 часот телефонски во ПО-Матејче било пријавено дека од возило кое се движело во центарот на село Никуштак, било пукано со огнено оружје во воздух. 

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово, при што во центарот на селото Никуштак, поточно на коловозот биле пронајдени пет испукани чаури, најверојатно од автоматска пушка, кои се подигнати за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

01.07.2017 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега