Тешко повреден моторциклист при сообраќајка во Скопје
Вчера во 20:43 часот во Скопје, од ГОБ„8-ми Септември“, било пријавено дека кај нив било донесено повредено лицето Н.Т. (45) од Скопје со тешка телесна повреда (фрактура на подколеница) здобиена при сообраќајна незгода (при пад од мотор) случена на улица „Питу Гули“.
Истата со возило на Итна медицинска помош била пренесена во ГОБ „Св.Наум Охридски“ каде била задржана за понатамошно лекување.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
01.07.2017 - 13:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа