Тешко повредени тројца работници во Скопје, откако паднале од скеле

 

Вчера во 9:30 часот во Скопје, пријавено било дека во градската болница „8-ми Септември“ биле донесени повредени лицата: Б.С. (34) од село Табановце-кумановско, С.В. (48) од село Биљановце-кумановско и З.К. (45) од село Чашка-велешко, вработени како работници во фирмата „Синтек-Инжинеринг“ДООЕЛ-Скопје, кои околу 8 часот на автопатот Скопје-Куманово, поточно кај клучката во село Миладиновци, додека биле качени на монтажно скеле на висина од околу 5-6 метри и изведувале градежни работи, една од жабките од скелето се откачила, по што истото се растурило и тие паднале.

Од падот Б.С се здобил со тешки телесни повреди (фрактура на пршлен од р`бетен столб и повеќе рани на главата и лицето), додека со телесни повреди се здобиле С.В. (рани на темето на главата и набиеници по целото тело) и З.К. (набиеница под десното колено и набиеница на карлицата).

По укажаната лекарска помош З.К. бил пуштен на домашно лекување, а Б.С. и С.В. се задржани на понатамошно лекување.

 

 

 

 

01.07.2017 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега