Три лица изчезнати во исти ден
Вчера во 1:10 часот во просториите на ПС-Штип, К.Н. (45) од Кочани пријавила дека на 29 јуни 2017 година од 1 часот од домот во непознат правец се оддалечила нејзината 16 годишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Вчера во 10:30 часот во ПС-Виница, А.И. (31) од Виница, пријавил дека на 28 јуни 2017 година околу 1 часот од домот во непознат правец се оддалечила неговата сопруга С.И. (38). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Вчера во 14:30 часот во ПС-Струга, Г.Д. (43) од село Ложани-струшко, пријавил дека истиот ден со неговото возило во непознат правец се оддалечила неговата сопруга Ј.Д. (34). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа