Маж загина, друг се бори за живот по сообраќајка кај Ѓавато-Тополчани

 

Едно лице го загуби животот, а друго е тешко повредено во сообраќајна несреќа која вчера околу 14:50 часот се случила на магистралниот пат Ѓавато-Тополчани, на м.в.„Библикамен“.

Од полицијата информираат дека незгодата се случила помеѓу товарно возило „Ивеко“ со тетовски регистерски таблици управувано од З.Т. (49) од Скопје и трактор „ИМТ“ со битолски регистерски таблици управуван од Д.И. (51) од с.Горно Оризари-битолско.

Во незгодата, трактористот Д.И. од здобиените тешки повреди починал на самото место, додека возачот на товарното возило се здобил со тешка телесна повреда (фрактура на десно стапало) и по укажаната лекарска помош во битолската болница бил пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Битола. По наредба на јавниот обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

 

 

 

 

01.07.2017 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега