Филипините под вода - седум лица го загубија животот

 

Најмалку седум лица загинаа во поплавите кои го парализираат веќе втор ден филипинскиот главен град Манила.

За жал меѓу жртвите е и едно 5-годишно момче, врз чија куќа се урнал бетонски ѕид. 11 лица се повредени во поплавите.

Досега од поплавите се погодени над 600.000 луѓе. Поројни монсунски дождови го зафатија филипинскиот главен град во текот на викендот.

20.08.2013 - 11:46

најчитано сега