Наплатните пунктови на ЕВН нема да работат на 2, 3. и 4. мај
Наплатните пунктови на ЕВН Македонија ќе бидат затворени на 2,3 и 4 мај, заради надградба на постоечкиот билинг софтвер со цел подобрување на квалитетот на услгите кон корисниците, информираат од ЕВН.
Од компанијата додаваат дека приемните канцеларии ќе бидат отворени во работните денови и ќе можат да ги прифаќаат сите барања од корисниците, кои ќе бидат обработени по имплементација на надградбата.
- Плаќањето на сметките за потрошена електрична енергија како и досега ќе може да се изврши во експозитурите на Македонска Пошта и во сите комерцијални банки во земјава. На располагање остануваат телефонскиот број за информации 0890 12345 во Центарот за односи со корисници, електронската адреса за информации и интернет страницата. Барањата и прашањата ќе бидат грижливо евидентирани и одговорени во најбрз можен рок по воспоставување на новите софтверски решенија, соопшти ЕВН Македонија.