Хурем султан излезе од болница

 

Ѕвездата на серијата Величенствениот, актерката Мерием Узерил или Хурем Султан, конечно излезе од болницата во Германија каде два месеца се лечеше од депресија.

Актерката на својот 30-ти роденден објави фотографии на кои се гледа дека се чуствува многу подобро. 

- Ви благодарам што бевте со мене во овие тешки моменти. Уживам во природата и му се заблагодарувам на Бога за помошта која ми ја даде, напиша убавата актерка на социјалните мрежи. 

Инаку, за време на престојот во болницата, Хурем постојано му се заблагодаруваше и на својот вереник за поддешката која и ја пружа, но овојпат го изостави.

Според турските медиуми, вереникот на Хурем ја посетувал додека била во болница, но не дошол на одмор со неа, а веќе и се забавувал со друга девојка.

 

20.08.2013 - 11:04

најчитано сега