Мушараф обвинет за убиство на Беназир Буто
Поранешниот пакистански претседател Первез Мушараф беше обвинет официјално за убиството на експремиерот Беназир Буто во 2007 година.
– На Мушараф ќе му се суди, изјави обвинителот Мохамед Азхар по седница на Судот во градот Равалпинди.
Против Мушараф се подигнати три обвиненија – за убиство, заговор за убиство и помагање на убиство. Мушараф не ги коментираше наводите на Обвинителството.
20.08.2013 - 10:59