Албанија: Приведени 55 илегални имигранти од Тирана

Албанската полиција, во близина на граничниот премин Какавија, на албанско-грчката граница, на три одделни места открила и привела 55 нелегални емигранти, јави дописникот на МИА од Тирана. 

- Во полициската акција приведени се 55 нелегални емигранти, главно од Пакистан и Авганистан. Овие лица, кои на албанска територија влегле илегално од Грција откриени се во близина на селото Пешкепи и тоа 16, во Врисера 21 и 18 емигранти кај Какавија,  соопшти полицијата од Ѓирокастро.

За еден месец албанската полиција има приведено над 150 нелегални емигранти, државјани на Пакистан, Авганистан, Сомалија, Мароко и Еритреја. 

20.08.2013 - 10:52
Фото: 
Сител

најчитано сега