Првите шест месеци годинава убиени најмалку 40 новинари
Најмалку 40 новинари и помошен медиумски персонал загинале извршувајќи работни задачи во првата половина годинава, соопшти денеска Меѓународниот институт за безбедност на медиумите.
Најмногу новинари годинава загинале во Сирија и тоа 8, а во споредба со 2012 бројот на жртви новинари и нивни помошници во таа држава е 70.
Хана Сторм директорка на Институтот наведува во извештајот Убивање на гласникот, дека досега никој не е уапсен во врска со убиството на новинари.
20.08.2013 - 10:40