ВИДЕО: Запленета најголема количина оружје во историјата на Њујорк

Повеќе од 200 парчиња оружје од малокалибарски пиштоли до автоматски пушки беа запленети синоќа во Њујорк, а властите наведуваат дека тоа е најголемо запленување илегално оружје во еден ден во историјата на тој град.
Запленетото оружје потекнува од Северна и Јужна Каролина каде не е потребна дозвола за да се купи пушка, додека во Јужна Каролина дозвола не е потребна ниту за купување пиштол.
20.08.2013 - 10:13