БЕСА бара од СЈО да ги процесуира случаите „Сопот” и „Монструм”

Движењето БЕСА денеска на прес-конференција побара од СЈО до петок оваа недела да ги процесуира  случаите  „Сопот” и „Монструм”.

Според нив, СЈО има доволно материјал да го иницира сама случајот без разлика на одлуката од Советот на обвинителите.

- Затворените од овие две значајни судски случаи се уште се предмет на необработени материјали од Јавното специјално обвинителство кои ги поседуваат, додека во петок може да биде крајниот рок за да се иницира да се процесуират овие случаеви. Ако ова не се случи до петок и после тоа ќе се оправдуваат дека е поминат рокот, ќе се цени како манипулација, предавство над тие што страдат со доживотен затвор само заради политизираната правда во Македонија. Всушност, секој ден поминат во затвор е непростливо кривично дело кое ја носи државата за овие граѓани секојдневно, велат од БЕСА.

Од „Беса“ нагласуваат дека без целосно расветлување на овие случаи, не може да се зборува за стабилна меѓуетничка ситуација и не може да им верува на државните институции. 

 

 

 

28.06.2017 - 18:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега