Спасески: Владата на ВМРО-ДПМНЕ изгради 145 училишни спортски сали, доделува 500-ни стипендии за младите спортисти и воведе спортска пензија
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижи за развој на масовниот и на врвниот спорт во нашата земја. Преку инвестирање во спортската инфраструктура овозможуваме максимални услови за спортски развој не само на младите, туку во исто време и на сите граѓани да спортуваат и не случајно кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт во 2006-та година започна да ги реализира оние спортски објекти кои и се познати на јавноста, изјави Марјан Спасески на денешната Панел дискусија: „Единствени кои инвестираат во спортот“.
-Изградивме 35 спортски сали во Македонија, но тука не застанавме, Министерството за образование и наука се вклучи во акцијата во организирање на училишниот спортски систем и за обезбедување на настава по физичко образование и не случајно се започна и проектот за изградба на 145 училишни спортски сали и бројката на изградени спортски сали до овој момент надминува 100 нешто што беше незамисливо за владите на СДСМ. Потоа продолживме со проект за изградба на 50 фудбалски игралишта и сите овие игралишта беа во функција на општините и беа користени од локалните клубови, потоа продолживме со реализација на изградба на 100 маалски повеќе наменски игралишта и досега повеќе од 71 игралиште е изградено. Од предвидените први 100 тениски игралишта досега реализиравме вкупно 89, но таа бројка ја зголемивме за нови 120 и не случајно неопходно за да се има успешен професионален и врвен спорт неопходно е да се исполнат три основни столба: Капиталната ифраструктура, масовноста на луѓето и третиот сегмент е вложувањето во стручните кадри, вели Спасески.
Тој истакна и дека од година на година се зголемуваат и стипендиите кои што тие како Агенција за млади и спорт ги доделуваат секоја година на врвните спортисти кои ќе остварат врвни резултати на меѓународната спортска сцена.
-Секоја година почнувајќи од 2008-та година доделуваме 500-ни стипендии за млади и талентирани спортисти, а со овие стипендии тие добиваат во просек од 34 илјади денари, но она што е многу битно од 2008-та година го воведовме највисокото спортско признание со кое што ги вреднуваме успесите на нашите спортисти кои што достојно ја преставиле Македонија на меѓународната спортска сцена и тоа е популарно кажано спортската пензија, а тоа е доживотен паричен надомест во износ од просечната плата во Македонија и досега дури 38 спортисти се носители на ова највисоко национално спортско признание, потенцираше Спасески.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа