Министерката Шекеринска во Брисел на состанок на Северноатлантскиот совет

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска од денеска престојува во дводневна работна посета на Брисел, каде што ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО.

Министерството за одбрана соопшти дека на состанокот на Северноатлантскиот совет, кој ќе се одржи утре, учествуваат 39 министри за одбрана на земји-членки на НАТО и земји кои учествуваат во мисијата „Одлучна поддршка“.

Во фокусот на дискусијата на состанокот ќе биде безбедносната состојба во Авганистан и иднината на мисијата „Одлучна поддршка“, во согласност со одлуката на шефовите на држави и влади на земјите-членки на НАТО од 25 мај, мисијата „Одлучна поддршка“ да продолжи и по 2018 година.

Македонија учествува во мисијата Одлучна поддршка од 2015 година. Во моментов Македонија во оваа мисија има распоредено 39 лица воен персонал.

Веднаш по пристигнувањето во Брисел денеска министерката Шекеринска ќе присуствува на средба со министрите за одбрана на Црна Гора, Албанија, Словенија и на Хрватска.

 

 

 

28.06.2017 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега