Египетските власти го уапсија лидерот на Муслиманските браќа

 

Египетските власти го уапсија главниот лидер на Муслиманските браќа, пишуваат светските медиуми.

70-годишниот Мохамед Бади е приведен во резиденцискиот апартман во близина на плоштадот Раб ал Адави во Каиро откако службите за безбедност откриле каде се крие Бади кој е обвинет за смртта на повеќе демонстранти во претходните демонстрации.

Судењето на лидерот на  Муслиманските браќа се очекува да започне на 25 август.

20.08.2013 - 09:38

најчитано сега