Од „Фукушима“ истекоа нови 300 тони радиоактивна вода

Јапонската енергетска компанија ТЕПКО која управува со оштетената нуклеарна централа „Фукушима“ денеска соопшти дека истекле нови 300 тони радиоактивна вода од челичен резервоар за складирање.

Радиоактивната вода во најголем дел била апсорбирана од земјата, а остатокот работниците го испумпуваат во друг резервоар.

Инаку, нуклераната централа беше тешко оштетена во земјотресот и цунамито во март 2011 година, што предизвикаа прекин на системот за ладење и растопување на нуклеарниот реактор. 

20.08.2013 - 09:30
Фото: 
Нова Македонија

најчитано сега