Тројца планинари се степале на Монт Еверест

 

Три планинари, од Италија, Швајцарија и Велика Британија во неделата се степале на планината Монт Еверест. Официјалните планински лица, задолжени за одржување на редот, се обиделе да ги испитаат околностите под кои избила тепачката меѓу планинарите и локалниот водич.

Според зборовите на Дипендре Пудела од Планинското оделение и сите страни се обвинуваат меѓу себе за предизвикување на инцидентот кој се случил на 6000 метри надморска височина. Припадниците на јужнотибетскиот народ, често како водачи ги најмуваат оние кои сакаат да се искачат на највисокиот планински врв. Тие ставаат коноп на посакуваната рута, за да нивните клиенти бидат безбедни при качувањето. 

„Бевме известени дека нашите клиенти и нивните водичи се степале на патот до третиот камп. Ги немаме сите информации, но нашите клиенти се спуштија“, изјавил Аниш Гупта, претставник на компанијата од Катмандуа, која ја организирала експедицијата на тројцата планинари. 

Според нив, швајцарскиот планинар веќе чека лет за Катманда, а членот на тимот од Италија е во базниот камп и можно е повторно да се обиде да го освои врвот висок 8848 метри. Поради проблемите со комуникацијата на планината на која владеат немилосрдни временски услови, истрагата е невозможно да се изведе брзо. Дури и за известување на полицијата за инцидентот било потребно доста време, како и за пристигнувањето на припадниците на редот до базниот камп. 

 

Повеќе од 3000 луѓе досега го освоиле Монт Еверест од 1953 година, кога до врвот стигнаа Едмунд Хилари и Тензинг Норгеј. 

 

Секоја година стотина планинари се обидуваат да се запишат на листата на оние кои успеале да се искачат на кровот на светот. 

 

најчитано сега