ВМРО-ДПМНЕ: Политиката што ја промовира пратеникот на СДС е газење на сите институции

 

Ова што го видовме е ни помалку, ни повеќе пратеник на Социјал демократскиот сојуз. Ова што го видовме е скандал и газење на сите закони на Република Македонија. Доколку постоеше било каква дилема околу начинот на кој што СДС сака да владее сега веќе нема, изјави денеска на прес-конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС ја гледа државата како приватна партиска сопственост во која што нивната членска книшка ќе ја има тежината на втора лична карта.

Политиката што ја промовира пратеникот на СДС е газење на сите институции.

Срамно и недозволиво е во болниците да се даваат привилегии на тие што имаат членски книшки на СДС наместо на пациентите кои навистина имаат најголема потреба од медицинска грижа.

Срамно и недозволиво е Министрството за труд и социјална политика да им дава предност на оние кои имаат членски книшки на СДС наместо на граѓаните кои имаат најголема потреба од социјална помош.

Срамно и недозволиво е некој да се толерира да прави сообраќајни прекршоци или да вози нерегистриран автомобил само заради тоа што има партиска книшка на СДС, а сите останати да мора да плаќаат казни.

Ова е најеклатантно дискриминирање на граѓаните по политичка линија. Едни кои имаат членски книшки на СДС и за кои не важат законите и сите останати кои немаат членски книшки на СДС и кои ќе бидат санкционирани доколку не ги почитуваат законите.

Ова е најеклатантен пример за лицемерието и антиреформските политики на СДС. Во предизборната кампања Заев ветуваше еднаквост меѓу граѓаните, а  после изборите најбрутално ја партизира државата.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите меѓународни претставници да реагираат и да ги осудат ваквите политики кои се спроведуваат од пратеници на СДС. ВМРО ДПМНЕ ги повикува сите професионалци во институциите да не подлегнуваат на политичките притисоци од страна на пратениците и функционерите на СДС и да не се впуштаат во кривични дела да даваат привилегии ги оние кои имаат членски книшки на Бихаќка.

 

 

 

 

24.06.2017 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега