Дете тешко повредено во сообраќајка - итно на скопските Клиники
Во 18 часот и 30 минути во Прилеп, на крстосницата од улиците „Вера Циривири“ и „Борка Медарот“ се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот Д.В. од Прилеп удрил во 10-годишно дете велосипедист од Прилеп.
Во незгодата се тешки телесни повреди се здобило детето кое било пренесено и задржано на понатамошно лекување во Клинички центар Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полицијата во Прилеп.
24.06.2017 - 14:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа