Пожар кај хотелот „Александар Палас“

 

Околу 16.00 часот вчера во хотелот „Александар Палас“ во Скопје била запалена ограда околу 20 метри при што во задниот дел било опожарено и едно патничко возило „Сеат“ со скопски регистарски ознаки. Пожарот најверојатно бил предизвикан од работници кои ја заварувале оградата. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат.

Повредени лица за среќа нема.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

24.06.2017 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега