Влегол со нож во аптека во Скопје
Во аптека на улицата „Кочо Рацин“ во Скопје непознат сторител синоќа извршил разбојништво при што со закана со нож од вработената одзел 8.400 денари од дневниот промет, по што побегнал во непознат правец.
МВР информира дека разбојништвото околу 19.52 часот било пријавено во Единицата за известување и командување Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
23.06.2017 - 15:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа