Страотна сообраќајка во Македонија, прегазил жена
Во текот на вчерашниот ден на крстосницата од булеварот „Кочо Рацин“ и улицата „Мирче Ацев“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која 38-годишниот А.Е. од селото Долна Лешница, тетовско, управувајќи патничко возило „Дајмлер-Крајслер“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во пешак.
Полицијата информира дека се работи за 29-годишната Ј.П. од битолско која со тешки телесни повреди била пренесена во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде е задржана на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
23.06.2017 - 14:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа