Еен загинат, еден на Ургентен: Страшна сообраќајка во Македонија
Во 03 часот и 15 минути утринавана регионалниот пат Струмица-Берово, на излез од селото Дабиле кон селото Петралинци, патничко возило „Голф“ со струмички регистарски ознаки излетало од коловозот во речното корито на река Струмешница.
Полицијата информира дека за жал на лице место починал 19-годишниот Ѓ.А. од селото Турново, додека 19-гоишниот А.Т. се здобил со тешки телесни повреди.
Истиот бил пренесен во Медицински центар Струмица, од каде поради сериозноста на повредите бил префрлен во Ургентен центар Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.
23.06.2017 - 13:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа