Експресен воз прегази 37 аџии во Индија - толпата го претепа машиновозачот
Трагедија ја потресе Индија. Експресен воз налетал на група аџии и ги прегазил. По несреќата, разбеснетата толпа го претепала машиновозачот.
Портпарол на индиската железница Амитаб Прабакар изјавил дека аџиите ја преминувале пругата и покрај црвеното светло на семафорот во моментот кога биле прегазени.
Откако разбеснетата толпа го претепала машиновозачот и тој починал на местото на настанот.
19.08.2013 - 16:21