СДСМ: Јакимовски лаже - не сме преговарале за коалиција во Карпош
Стевчо Јакимовски вчера изнесе невистини кога кажа дека пропаднале преговорите со СДСМ за коалиција во општина Карпош. Советникот на СДСМ во оваа скопска општина Иван Спировски денеска на прес конференција рече дека се официјализирала коалицијата на Јакимовски со ВМРО-ДПМНЕ и дека градоначлникот си бара алиби за таа соработка да и ја претстави на јавноста
„Ја користам оваа прилика за да демантирам дека постоел било каков обид од страна на Стевчо Јакимовски за некаква соработка со советничката група на СДСМ во Карпош. Сите информации од негова страна се неточни. Карактерот на Стевче Јакимовски на сите им е познат. Во 2009та стана градоначалник благодарение на СДСМ, денес фрла дрва и камења по своите сопартијци. Со години плукаше по Гревски, а сега со ни стана коалиционне партнер. Кој после ова може да му верува на Стевчо Јакимовски дека се грижи за граѓаните, кога единствениот негов мотив во политиката се личните и бизнис интереси“ - рече Спировски на денешната прес конференција