За празниците нема да работат наплатните шалтери на ЕВН - компанијата го надградува системот

 

Со цел подобрување на квалитетот на услгите на своите корисници, ЕВН Македонија планира надградба на постоечкиот билинг софтвер. За оваа цел ќе се искористат 2-ри, 3-ти и 4-ти мај 2013 година, кога фреквенцијата на наплатните пунктови на ЕВН Македонија е намалена поради претстојните празници.

Поради планираните активности за надградба на билинг софтверот, на 2-ри, 3-ти и 4-ти мај наплатните пунктови на ЕВН Македонија ќе бидат затворени, додека приемните канцеларии ќе бидат отворени во работните денови и ќе можат да ги прифаќаат сите барања од корисниците, кои ќе бидат обработени по имплементација на надградбата.

Плаќањето на сметките за потрошена електрична енергија како и досега ќе може да се изврши во експозитурите на Македонска Пошта и во сите комерцијални банки во земјава.

На располагање остануваат телефонскиот броj за информации ( 0890 12345 ) во Центарот за односи со корисници, електронската адреса за информации и интернет страната на ЕВН Македонија ( info@evn.mk ; www.evn.mk ). Барањата и прашањата ќе бидат грижливо евидентирани и одговорени во најбрз можен рок по воспоставување на новите софтверски решенија. Надградбата е со цел подобрување на услугите што е примарна цел на ЕВН Македонија.

најчитано сега