Од играчка-плачка: Кичевчанец се повредил со петарда

Вчера во период околу 21 часот, на улицата „Солунска„  во Кичево,  64-годишниот M.A. во сопствениот дом се повредил во пределот на десната рака од петарда со поголем фитил.

На кичевчанецот веднаш му била укажана лекарска помош во Медицински центар-Кичево. Поради поголемо крварење тој бил пренесен на лекување во Ургентниот центар во Скопје.

Во тек се мерки за расчистување на случајот.

19.08.2013 - 12:42
Фото: 
Нова Македонија

најчитано сега