ФОТО: Британка успеала да роди идентична тројка

 

Британката Шантел Пинчин успеа да роди идентична тројка по природен пат, со што ги поби шансите за вакво нешто кои изнесуваат 200:1.

Дваесет годишната Пинчин успеа на овој свет да ги донесе Роуз, Лекси и Руби. Таа се породила седум недели пред планираното, но засега трите сестрички се во одлична состојба. Таа и нејзиниот сопруг 24 годишниот Ренди претходно беа родители на девет месечно бебе, а велат дека втората бременост не им била планирана. 

-Не планиравме толку брзо да забременам, но секако дека бременоста беше добредојдена и со радост ги прифативме вестите дека повторно ќе станеме родители, вели Шантел.

 

 

најчитано сега