Арачиновци се забавувале пукајќи од автомобил во движење

Вчера во периодот околу 20 часот, на локалниот пат село Арачиново-село Грушино, неколку непознати лица од автомобил марка “голф“ во движење пукале од огнено оружје во правец на лица кои обработувале земјиште.

За среќа, во инцидентот нема повредени лица, но оштетен е еден трактор во сопственост на 26-годишниот М.И. од Арачиново.

Се преземаат мерки за откривање на сторителите.

19.08.2013 - 12:31

најчитано сега