Влегол преку прозорец и украл злато вредно 700.000 денари

Непознат сторител со употреба на погоден предмет ограбил куќа лоцирана на улицата „Лука Геров“ во Скопје.

Кражбата била извршена на тој начин што крадецот влегол преку прозорец во куќата на 61-годишниот М.Ј.  при што успеал да одземе златен накит во вредост од 700.000 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

 

19.08.2013 - 12:27
Фото: 
Сител

најчитано сега