Франција: Ќе се намалат 34,000 работни места до 2019 година

 

Во наредните пет години, Франција ќе го задржи стабилниот буџет за одбрана, што би значело загуба на 34 илјади работни места до 2019 година, согласно на владината стратегија за одбрана, која што е напишана во таканаречената Бела книга. Во рок за пет години, од 2014 година до 2019, Франција ќе мора да го редуцира персоналот на вооружените сили со околу 34 илјади лица. Ваквите трошоци остануваат стабилни е се по 31,4 милијарди евра годишно, што е еднакво на 1,5 % од БДП. За пет години, буџетот е со вкупна вредност од 179,2 милијарди евра. Француските вооружени сили во моментов бројат 228 илјади лица.

најчитано сега