Ахмети патува во САД за да соопшти дека ДУИ е при крај со трпението за името

 

Али Ахмети патува во САД на средби со американската администрација, конгресмени и бизнис лобито на албанската дијаспора во САД. Како што брифираат од партијата од Мала речица, главна тема на разговорите на Ахмети со американските административци ќе биде спорот за името кој Грција го има со нашата земја. Се очекува Ахмети да им соопшти на Американците дека Албанците во Македонија се при крај со трпението околу спорот за името.
Во делегацијата покрај Ахмети, ќе оди и и вицепремиерот Муса Џафери, потпретседателот на партијата, Изет Меџити и градоначалникот на Kичево, Фатмир Дехари. 

најчитано сега