Нови 15,000 отпуштања на државни службеници во Грција
Ова претставува услов за деблокирање на новата транша кредит од 8,8 милијарди евра за исплата на плати и пензии. За ваквиот закон гласаа 169 пратеници, против беа 123, додека еден беше воздржан.
Ваквиот закон предвидува отпуштање на 15,000 државни службеници до 2014 година, односно 4000 до крајот на оваа. Синдикатите веднаш го осудија ваквиот закон, изјавувајќи дека политичарите го уништуваат јавниот сектор и благосостојбата на државата. Дополнително и ќе се зголеми невработеноста во Грција која сега изнесува 27%.
Новиот закон ќе го забрза процесот на отпуштање на вработените, а на “удар“ ќе се најдат оние кои се вмешани во корупција, или пак, се некомпетентни.