Во среда скопјани ќе се спасат од досадните комарци

Скопјaни во среда ќе се спасат од досадните инсекти и комарци.  Вториот наврат на авионската дезинсекција на подрачјето на Град Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира  во среда во период од 7 до 11 часот. Притоа ќе бидат опфатени сите мочуришта,  канали и стоечки водени површини во градот Скопје и во неговата околина, како и течението на реката Вардар.

 Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

                         Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

 

 

19.08.2013 - 10:49
Фото: 
Журнал