Голем шумски пожар во Ајдахо пепелоса десетина згради

Жителите на 2.250 домови во американската држава Ајдахо беа евакуирани поради голем шумски пожар кој зафатил површина од над 400 километри квадратни и уништил десетина згради.

Од пожарот се загрозени над 5.000 домови и над 3.700 стопански објекти.

Според проценка на локалните власти пожарот може да нанесе штети од осум милијарди долари.

19.08.2013 - 10:23
Фото: 
Канал 5

најчитано сега