Трагедија во Тетово: Тетовчанец си пукал во срце

Трагедија го потресе Тетово. Вчера околу 45 минути по полноќ, во тетовското село Ларце, млад тетовчанец се самоубил пукајќи си во срцето.

Се работи за 28-годишниот  Фатон О. кој со пиштолот кој го поседувал без дозвола си пукал во срцето. Телото на младото момче го пронашло неговото семејство во семејната куќа.

По обдукцијата телото на починатиот е предадено на семејството за да биде извршен погреб.

Засега не се познати причините поради кои тетовчанецот решил да си го одзеде животот.

19.08.2013 - 10:03
Фото: 
Прајмтајм