Се обновуваат пешачките премини во Кисела Вода

Денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ќе присуствува на промовирањето на проектот „100 пешачки премини за подобра безбедност на 10.000 ученици“ во Кисела Вода.

Проектот е организиран од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со општина Кисела Вода, а предвидува обнова и бојадисување на пешачките премини пред сите градинки, основни и средни училишта во општина Кисела Вода.

Целат е зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците, велосипедистите, мотоциклистите и останатите корисници на пешачките патеки во општината.

19.08.2013 - 09:34
Фото: 
Лидер

најчитано сега