Едно лице загина во големиот пожар во скопската населба Колонија

Едно лице е пронајдено мртво во големиот пожар кој утрвово избувна во скопската населба Колонија. Според информациите до кои дојде Press24 од полициски извори, станува збор за 66 годишниот Богое С. кој живеел во зградата со број 2. Како што веќе објави Press24 утрово во 7 часот и 45 минути во населбата "Колонија" од засега непознати причини избувнал пожар во станбен објект. Со пламените јазици се зафатени неколку станови. На местото на настанот се испратени екипи на ЕВН и противпожарната служба.

19.08.2013 - 09:32