Националниот парк Маврово се чисти од отпад

Министерството за животна средина и просторно планирање и асоцијацијата „Ајде Македонија“ денеска организираат чистење на Националниот парк Маврово. Чистењето ќе се спроведе од 10 до 14 часот на локациите фудбалски терени во село Маврово, ски-патеки, крајбрежје на Мавровско Езеро до црквата во вода.

Викендот активности од оваа кампања имаше во националните паркови Галичица и Пелистер.Целта на кампањата е да се развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да се развијат механизми за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање отпад во нивните заедници.

Акцијата за чистење отпад е во рамки на кампањата „Македонија без отпад” за чистење на националните паркови како природно и културно наследство од исклучителна вредност.

ФОТО: Скај

09:22

најчитано сега