Состојбите и предизвиците во ЕУ тема на средбата Иванов-Клаус

Синоќа претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, и поранешниот претседател на Чешката Република, Вацлав Клаус се сретнаа во вилата „Билјана“ во Охрид.

Двајцата претседатели разговараа околу предизвиците со кои се соочува Европа и ЕУ, предизвиците во процесот на евроатланските интеграции, како и за состојбите во регионот на Југоисточна Европа.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателот Иванов, двајцата соговорници изразија задоволство од нивото на билатералните односи меѓу Македонија и Чешка.  

Поранешниот чешки претседател изрази благодарност за можноста да учествува на четвртата Школа за млади лидери, што по иницијатива на претседателот Иванов, започнува денеска во Охрид.

ФОТО: Евести

 

09:14