Северина заврши во болница во Струмица
Хрватската пејачка Северина завршила во струмичката болница, дознава Press24. Според нешите информации, хрватската ѕвезда, која е главна ѕвезда на последната вечер на Струмица Опен Фестивал, попладнево околу 17 часот се пожалила на силна болка во окото. Веднаш била однесена во струмичката болница, каде специјалист, офталомолог, специјално за неа, бил повикан од дома. Констатирано е присуство на поголемо парче прашина во окото. Со ефикасна интервенција на докторот, парчето кое го иритирало окото било извадено а на Северина и препорачале да не ги става специјалните леќи најмалку 3 часа за да може капките да делуваат.
Проблемот со очите не ја спречи Северина да направи вистински спектакл во Струмица. Нејзиниот концерт според нашиот репортер на плоштадот Гоце Делчев во центарот на Градот го следеа над 10.000 посетители