Мицковски: Елем во одлична кондиција - правилното менаџирање во иднина е правилно користење на богатството на сите граѓани на Македонија

Јас можам да зборувам од името на Елем и тоа го зборував изминатиов период, на 15 мај Елем ги достави калкулациите од своето работење и она што го има зацртано за следната година. Ние како што знаете не побаравме зголемување на производната цена на АД Електрани Македонија и во името на другите чинители на пазарот не можам да коментирам што се случило со Мепсо и што ќе се случи со Евн но она што е важно е дека АД Елем не побара зголемување на производната цена на електрична енергија како резултат на сопственото работење, ова денеска за телевизија Нова го изјави Христијан Мицковски, генералниот директор на Елем.

-Иако изминатиов период кога имавме тешки услови ние успеавме да се реоптимираме и да ги надминеме тие тешки услови, а многу негатори ни предвидуваа и црнци сценарија, а за среќа на граѓаните и државата ние тоа го поминавме успешно и можам да кажам дека АД Елем во моментов е во одлична кондиција. Компанијата во овој момент има 0 долгови кон добавувачите, кон вработените, а некаде околу 1,25 милијарди денари депозити на сметка и некаде 300 милиони денари на сметка од тековното работење на компанијата, со други зборови една извонредна ликвидност на самата компанија и следува период на ремонтни активности во истата, а производните капацитети се во одлична кондиција, потенцираше Мицковски.

Тој демантираше дека во Рек Битола до сега работело само со еден блок, а досега начесто таа работеше со три, но сега поради потребите на потрошувачите работи со два блока.

-Кој и да ме замени мене може да смета на компанија која е во фантастична кондиција и има сериозно високи цели во менаџирањето, но и голема обврска бидејќи Елем кој и да дојде е компанија на сите граѓани на оваа држава, а правилното менаџирање значи и правилно користење на богатството кое го имаат сите граѓани во Република Македонија, вели Мицковски.

 

 

 

08.06.2017 - 17:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега