Министерот Николовски во посета на Тетово каде се излеа реката Порој

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и државниот секретар Бесир Јашари денеска ќе ја посетат општина Тетово каде ќе направат увид во настанатите штети на земјоделските површини по излевањето на реката Порој.

Тие во 11 часот ќе се сретнат со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, по што во 12 часот ќе имаат средба со месното население и ќе го посетат теренот каде што се излеа реката Порој. 

 

 

 

07.06.2017 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега